САД КОНТРА ИЗРАЕЛ – Вашингтон не сака создавање на “тампон зона“ во Појасот Газа: “Големината на палестинската енклава не смее да се намалува!“

„САД би се спротивставиле на секој предлог за создавање тампон зона во Појасот Газа бидејќи тоа би било спротивно на ставот на Вашингтон дека големината на палестинската енклава не треба да се намалува по актуелниот конфликт“, посочи во средата портпаролот на Стејт Департментот, Метју Милер.

Медиумската агенција Reuters минатата недела објави дека Израел информирал неколку арапски држави дека, како дел од повоениот предлог за Појасот Газа, сака да создаде тампон зона на палестинската страна на границата со Појасот Газа за да спречи идни напади.

На дневната прес-конференција Метју Милер посочи дека меѓу главните принципи на Вашингтон за иднината на Појасот Газа е противењето на какво било намалување на територијата на густо населената енклава.

Значи, ако некоја предложена тампон зона треба да биде во Појасот Газа, тоа би било кршење на тој принцип и нешто на што се спротивставуваме“, им порача Метју Милер на новинарите.

Ќе мора да има преоден период по завршувањето на големите борбени операции, за да се избегне ‘безбедносен вакуум’, но тој ќе треба да биде привремен“, вели Метју Милер, но тој не ги опиша параметрите за таков период.

Конфликтот избувна на 7. октомври кога милитантите на Хамас преминаа во јужен Израел и убија 1.200 луѓе, главно цивили, во дивеење низ населбите и другите заедници близу Појасот Газа. Повеќе од 200 заложници беа однесени во Појасот Газа.

Израел, кој вети дека ќе го уништи Хамас еднаш засекогаш, одговори со бомбардирање и копнена офанзива која уништи големи области на Појасот Газа и уби, според здравствените власти на енквалата, повеќе од 15.000 луѓе.