САД подготвуваат пакет помош од 10 милијарди долари за Украина

Соединетите Американски Држави подготвуваат нов пакет помош од десет милијарди долари за помош на владата во Киев.

Американските власти соопштија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја продолжува непоколебливата поддршка на САД за Украина, пренесува skynews.

Ова вклучува нови санкции против Русија и потенцијален пакет помош од 10 милијарди долари за да и помогне на украинската влада да продолжи да функционира.

Тие, исто така, се очекува да дистрибуираат уште еден голем пакет воена помош за украинските сили во наредните денови, соопштија официјални лица.

Новиот пакет за воена помош не се очекува да ги вклучи борбените авиони Ф-16 што ги бара украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Инаку, Русија на 24 февруари започна неоправдана инвазија на украинската држава, предизвикувајќи жртви и големи инфраструктурни штети.