Соединетите држави ја предупредија Турција за извозот од последните денови кон Русија на хемикалии, микрочипови и други производи што можат да се користат во воените напори на Москва во Украина, изјави висок американски функционер.
Претставникот на американското министерство за финансии, надлежен за санкции Брајан Нелсон ги посети турските владини и претставници на приватниот сектор на 2-ри до 3-ти февруари за да повика на поголема соработка во спречувањето на протокот на такви стоки.
На состаноците во Анкара и Истанбул, Нелсон и делегацијата посочиле дека десетици милиони долари извоз во Русија предизвика загриженост, вели за новинската агенција Ројтерс упатен во разговорите.
„ Нема изненадување, што Русија активно се обидува да ги искористи историски добрите економски врски што ги има во Турција. Но, клучното прашање е каков ќе биде турскиот одговор?“ изјави тој за Ројтерс.
Членката на НАТО, Турција начелно се противи на опсежните санкции кон Русија, но вели дека тие нема да бидат заобиколени од Анкара, барајќи од Западот да обезбеди какви било докази.
Западните земји ги спроведоа извозните контроли и санкции по инвазијата на Москва пред речиси една година. Сепак, каналите за снабдување останаа отворени од Хонг Конг, Турција и други трговски центри.
Цитирајќи ги руските царински записи, Ројтерс во декември објави дека најмалку 2,6 милијарди долари компјутерски и други електронски компоненти се влеале во Русија во седумте месеци до 31 октомври. Најмалку 777 милиони долари од овие производи биле направени од западни фирми чии чипови се пронајдени во Руски вооружени системи.