САД: “Фотографиите со заробените Палестинци во Појасот Газа се длабоко вознемирувачки“

САД изразија загриженост поради фотографиите што покажуваат групи на заробени и полуголи Палестинци кои клечат на земја или се превезуваат во камиони. 

Метју Милер, портпарол на Стејт департментот, овие фотографии ги нарече „длабоко вознемирувачки“. 

Гледаме на овие фотографии како длабоко вознемирувачки, и бараме повеќе информација како за природата на овие фотографии, така и за тоа зошто се појавиле во јавноста“, вели Метју Милер

Истакна дека САД секогаш биле јасни со Израел за неопходноста да се дејствува согласно меѓународното хуманитарно право. 

Тие права ги штитат цивилите, а задржаните лица треба да се третираат хумано и со достоинство“, изјави Метју Милер

Фотографиите беа објавени викендов од медиумите во Израел. Некои медиуми укажуваа дека тоа се членови на Хамас кои се предале на израелските сили за одбрана. Хамас ги негираше тврдењата за такви предавања во Џабалија, северниот дел од Појасот Газа.