Саемот на книга со богата седумдневна програма

Од 4 до 10 мај во Арена Борис Трајковски Скопје ќе се одржи јубилејното 35. издание на Меѓународниот Саем на книгата, во организација на Скопски Саем и Глобал Медиа Гроуп, а поддржан од Министерството на Култура на Северна Македонија.

-Современите технологии во ерата во којашто живееме, често се од големо значење и сè повеќе имаат предност во секојдневната комуникација, образованието и формата на читањето и впивањето на информации. Тоа е една од најглавните причини зошто мораме да  се потсетуваме постојано за давањето предност на пишаниот збор и книгата. Читањето е најздравата умствена исхрана, која што не смее да се изостави од навиките на модерното секојдневие, – особено кај помладите генерации. Затоа и 35. Меѓународен саем на книгата е значително важен настан, кој што со почеток од 4ти мај, цели 7 денови ќе биде јадро и магнет на најдобрите домашни и странски наслови. Секоја книга поседува свој универзум, а на читателите им преостанува само да се охрабрат и да ја свртат првата страница, изјави Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем.

Саемот расте и еволуира со текот на годините и истиот обезбедува платформа за читателите и издавачите да се поврзат и да ја споделат љубовта кон истражувањето на нови содржини и нови светови.

Саемот на книга е фантастична можност да се прослави јадрото на слободата на мислата на човекот преку пишаниот збор, – книгата. Оваа година, посетителите на овој суштински културен настан, можат да очекуваат широк спектар на книги од многубројни познати, но и нови домашни и странски автори, – покривајќи жанрови и стилови во склоп на белетристика, публицистика, книги за деца и уште многу повеќе, наведуваат организаторите.

Повеќе информации за Саемот на книга можат да се најдат на www.skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Фејсбук.