Зеленски за Путин: Повеќе личи на манекен отколку на претседател, постојано нешто му покажува на светот – не смее да користи нуклеарно оружје

Владимир Путин, поради постојаната желба да му покаже нешто на светот, повеќе личи на манекен отколку на државен лидер, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за латиноамериканските медиуми.

Украинскиот лидер уште еднаш изрази сомнеж дека Русија ќе користи нуклеарно оружје поради „љубовта на Путин кон себе и својот живот“. Според Зеленски, Путин не е подготвен да го ризикува сопствениот живот.

„Но, ова не е временска прогноза, па затоа е тешко да се каже“, објаснува Зеленски, додавајќи дека веројатноста Русија да го користи своето нуклеарно оружје е многу помала од веројатноста да не го користи.

Зеленски, исто така, ја објаснува одлуката на Кремљ да испрати нуклеарно оружје во Белорусија под изговор за заштита од НАТО со желбата на Путин да покаже нешто пред надворешниот свет.

„Сето ова припаѓа на вакви политички чекори. Постојано нешто покажува. Повеќе личи на манекен отколку на претседател. Постојано нешто му демонстрира на целиот свет и мисли дека на сите им е забавно да живее во некој вид на страв. “, рече Зеленски.