САКААТ ДА ГО АПСАТ ПУТИН! Хашкиот судија тргна по рускиот претседател – Москва подготви силен одговор

Москва не ја признава јурисдикцијата на Хашкиот суд.
Министерството за внатрешни работи на Русија распиша потерница за уште еден судија на Меѓународниот кривичен суд – Томоко Акане, кој распиша налог за апсење на претседателот Владимир Путин.

Според Истражниот комитет, Томоко Акане е еден од судиите кои донеле „незаконска одлука за апсење“ на Путин.

Во мај, комитетот ги обвини обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Кан Карим Асад Ахмад и судијата во Росарио, Салваторе Аитало. Тие се ставени на потерница.

Да потсетиме, на 17 март Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на претседателот на Русија Владимир Путин и на детскиот правобранител, Марија Лавов-Белова под обвинение за „незаконска депортација“ на украински деца.