Салма Хајек снимена без шминка а сите останаа запрепастени по оваа фотографија: Многумина ги налути со нешто што го направи

Омилената холивудска актерка Салма Хајек е позната по својата убавина, природни облини и генерално здрав и активен животен стил. Сепак, таа има и мана.

Имено, Салма Хаек минатата недела беше фотографирана без шминка, а со своето природно издание ги изненади обожавателите кои ги налути еден детаљ.

Така, 57-годишната актерка е снимена како вози низ улиците на Лос Анџелес, а кога заглавила во сообраќајот решила да запали цигара.

Иако пушењето е тажна и грда навика на убавата актерка, она што беше уште полошо е што таа ја фрли цигарата од прозорецот на автомобилот откако ја испуши до крај.

Салма Хајек со цигара во рака

Познато е дека Салма не може да се ослободи од овој порок, а признала дека почнала да пуши кога глумела во филм за мексиканската уметница Фрида Кало.

– Ги мразев цигарите и морав да научам да пушам за филмот. Кога почнав, пушев некои ужасни, стари мексикански цигари без филтер, бидејќи тоа беше она што се користеше во минатото. На почетокот знаев да повратам по неколку сцени, а потоа всушност станав зависник од нешто што толку многу го мразев, рече таа еднаш.