Тој е татко и има СИЛИКОНИ во градите: СИНОТ ТРПИ НАСИЛСТВО поради него, секојдневно доживува напади, а на хејтерите им вели да го остават на мира

Ендрју Денингот (49) од Шкотска е татко на седумнаесетгодишен син, а поради неговиот необичен изглед често е осудуван.

Имено, Ендрју на прв поглед изгледа како и секој друг маж, меѓутоа, ако погледнете надолу во неговите гради, ќе забележите дека има силикони во градите.

Луѓето често му упатуваат погрдни коментари на улица, а сето тоа дојде до израз кога непознат напаѓач го скршил прозорецот на соседот.

Тој тврди дека сторителот имал намера да му го скрши прозорецот, поради неговиот изглед, но ја погрешил куќата и по грешка го скршил прозорецот на соседот.

Тој рече дека дознал за нападот дури кога полицијата го разбудила за да го извести. Тој додаде дека се шират лажни гласини дека добил отштета за кршењето на прозорецот и дека со тие пари „купил“ нови гради.

„ Сакам само да ме остават на мира. Тоа што го правам нема никаква врска со никој друг “, истакнал тој.