Санкционирани 200 возачи во Скопје, 128 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 128 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за користење мобилен телефон при возење, четири мерки за некористење сигурносен појас…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.