САС на МПЦ-ОА ги поздрави одлуките на помесните цркви за признавање на нејзината автокфалност и за евхаристиско и канонско општење

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 21 февруари 2023 година, разгледа повеќе прашања од црковниот живот и односите со Помесните Православни Цркви и ги поздравува одлуките на оние кои Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во меѓувреме ја признаа како автокефална Црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што се однесуваат на нејзиното уставно име МПЦ – ОА и нејзиниот автокефален статус и се раководи по светите канони, догми, Светото писмо и Светото предание. Поглаварот и архијереите – членови на Синодот на Светата Македонска Православна Црква категорично ги чуваат, одржуваат и не се откажуваат од нив.

Светиот Синод на МПЦ – ОА, наоѓајќи се пред Светата четириесетница (Великиот Пост) ги повикува своите верни чеда на взаемно простување и им го благословува постот, за достојно да го пречекаме Светлото Христово воскресение.