Саудијците свиреа со едноминутно молчење за Бекенбауер 

Фудбалскиот свет се збогува со еден од најдобрите играчи на сите времиња Франц Бекенбауер, кој почина во понеделникот на 79-годишна возраст.

Така беше и на полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп кој се игра во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, земја која е во фудбалски подем.

Но, и тамошните навивачи покажаа непристојност кога одржаа едноминутно молчење за познатиот „Кајзер Франц“.

Од трибините се слушаа свирежи, додека играчите немо стоеја во центарот на теренот.

Станува збор за стадионот и земјата која ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, но овој инцидент не им помага да ги „купат“ фудбалските фанови ширум светот.