Светот веројатно е на работ на нова војна, тврди Медведев

– Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска предупреди дека светот веројатно е на работ на нова војна и истакна дека се зголемуваат и ризиците од нуклеарна конфронтација. Во исто време, тој посочи дека и двете сценарија не се неизбежни.

„Светот е болен и сосема е веројатно да е на работ на нова војна“, рече Медведев на конференција во Москва.

Во исто време, поранешниот руски претседател, кој во моментов е заменик-претседател на Советот за национална безбедност, додаде дека нова светска војна не е неизбежна.

„Ризиците од нуклеарна конфронтација растат и се посериозни од опасностите поврзани со климатските промени“, посочи Медведев.