СВЕТОТ Е ВО ШОК НА ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК – Ненадејно почина гитаристот на групата АББА!

Кратко се борел со тешката болест.

Гитаристот на глобално популарната група „ABBA“, Лас Веландер, почина на 70-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдија членовите на семејството.

Веландер почина по кратка, но многу тешка битка со ракот, која за жал ја загуби, на Велики петок според Грегоријанскиот календар .

Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Лас заспа. Лас неодамна се разболе од рак кој се проширил и тој почина(л) рано на Велики петок опкружен со своите најблиски. Беше неверојатен музичар и скромен како ретко кој друг, но пред се, беше прекрасен сопруг, татко, брат, вујко и дедо. Љубезен, грижлив и полн со љубов… и многу повеќе, неверојатно е што сега мораме да живееме без тебе. Многу те сакаме и ни недостигаш – напишаа членовите на неговото семејство на Фејсбук и на овој начин му ја испратија последниот јавен поздрав.

Веландер почнал да свири гитара како дете во неговиот роден град Нора, Шведска. Во октомври 1974 година, тој им се придружи на легендарните АББА, Агнета Фелцки, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ана-Фрид Лингстад. Свирел на повеќе од 20 песни на АББА, меѓу кои и некои од нивните најпознати, а во 2008 година работеше и на хитот Mamma Mia!

Лас работеше и на последниот албум на ABBA „Voyage“, кој беше објавен во 2021 година.