Српскиот зет стана најбогат Русин, сопругата му беше членка на женската група Моделс-ици кои жареа и палеа на Балканот: “Полн е како брод”

Заедничкото богатство на руските милијардери минатата година се зголеми од 353 на 505 милијарди долари.

Сопственикот на компанијата „Еврохим“ Андреј Мелниченко стана најбогатиот граѓанин на Русија, објави магазинот „Форбс“. Да потсетиме, Андреј е сопруг на Александра Мелниченко (45), поранешна членка на танцовата група Моделс од Белград.

Мелниченко за прв пат се најде на врвот на руската листа на Форбс, а неговото богатство се зголеми повеќе од двојно за една година на 25,2 милијарди долари. Минатата година тој беше на деветтото место со богатство од 11,1 милијарди, пренесува Спутник.

Сопственикот на челичарницата во Новолипецк, Владимир Лисин, кој минатата година беше на првото место на руската листа, падна на третата позиција и покрај тоа што неговото богатство се зголеми од 18,4 на 22,1 милијарди долари. Сега на второ место е Владимир Потанин, чие богатство се зголеми од 17,3 на 23,7 милијарди долари.

Заедничкото богатство на руските милијардери се зголеми од 353 на 505 милијарди долари минатата година, според Форбс.