ВИДЕО | ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА ПРОДОЛЖУВА – Државата итно воведе полициски час поради големите немири – Емануел Макрон нареди распоредување на над 40.000 полицајци – што се случува !?

Властите во северниот француски град Компиењ воведоа полициски час до понеделник за малолетници помлади од 16 години и малолетници без придружба поради немирите во земјата по убиството на 17-годишно момче од страна на полицијата, објави медиумската агенција France Press.

Претходно, властите на градот Кламарт, кој се наоѓа во близина на Париз, каде што дојде до бунт по убиството на тинејџерот од страна на полицијата во областа Нантер, најавија воведување ноќен полициски час до понеделник.

Полицискиот час е на сила од 22 до 06 часот, а ќе важи до понеделник.

Во вторникот наутро, полицајци смртоносно пукаа и убија 17-годишно момче по име Наел М. (17 г.), за кое полицијата соопшти дека одбил да ги исполни нивните барања во Нантер, предградие западно од Париз.

Поради тоа, во голем број градови избувнаа немири кои траеја два дена. Демонстрантите запалија автомобили, полициски и владини згради. Министерството за внатрешни работи на Франција во четвртокот наутро извести за приведување на 150 лица.

Француското знаме претходниот ден беше искинато во Нантер, додека претседателот Емануел Макрон нареди дополнителни 40.000 полицајци да излезат на улиците.

Полицаецот кој пукал во тинејџерот е обвинет за убиство од прв степен.

Француските власти ги повикаа граѓаните на „смирување“, истовремено барајќи правична истрага за случајот. Францускиот претседател го нарече инцидентот „необјаснив и непростлив“, додавајќи дека „ништо не ја оправдува смртта на еден млад човек“. Премиерот на државата кажа дека полицијата дејствувала „надвор од границите на дозволеното“.