„Светот е на работ на Светска војна“ Драматична најава на Вучиќ за актуелната ситуација во Украина и Израел

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија има доволно резерви на гас.

– Можеме да трошиме исто како до сега, имаме резерви – рече тој.

Вучиќ рече и дека мисли дека светот е на работ на светски конфликт.

– Имате прилично тешка ситуација во Украина и сега е сосема јасно дека на Западот ќе му биде тешко да ги победи Русите, исто како што на Русите ќе им биде тешко да ги поразат Украинците. Кина и Америка останаа надвор од конфликтот, но Америка недвосмислено им помага на Украина и Израел. За жал, се приближуваме до тоа, луѓето и многу земји сакаат поинаков поредок во светот – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека целиот свет оди во лоша насока.

– Затоа ни треба безбедност и стабилност, да ја заштитиме нашата земја, а не да ја напаѓаме како што прават некои – рече Вучиќ.