Светот полуде по млеко од компир: Пробајте го шведскиот рецепт за долговечност и против запек и гасови (ВИДЕО)
По млекото од соја и бадем, новото популарно млеко од растително потекло е млекото од компир што го произведуваат Швеѓаните.
Во моментов може да се пласира во Скандинавија, бидејќи го произведуваат компании, а моментално чини од три до пет евра за литар.
Швеѓаните тврдат дека ова млеко може да ви помогне подобро да ја сварите храната,особено ако страдате од запек, надуеност или гасови.
Млекото од компир е исто така одличен извор на влакна, витамин Б12, железо и фолати.
Инаку, рецептот е земен од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунг, која во 2017 година произведе необично вкусна и кремаста „емулзија од компир“.
Таа тврди дека ова млеко е добар извор на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданси, а што е уште поважно, најмалку е штетно за животната средина од сите пијалоци од растителна основа.
Млекото од компир е исто така пониско со шеќер и маснотии и нема вообичаени алергени, што го прави одличен избор за луѓе со чувствителност на лактоза, глутен или јаткасти плодови.
Како да направите млеко од компир?
Излупете ги компирите и сварете ги. Кога ќе бидат готови, ставете ги во блендер. Додадете половина вода и малку мелени бадеми (по желба).
Додадете прстофат сол и природен засладувач. По желба додадете малку екстракт од ванила. Сето тоа изблендирајте го и истурете го во сад.
И пијте го како и секое друго млеко.
Погледнете го видеото за подготовка: