Свештеникот Михаил ја убил својата жена па ѝ ја отсекол главата! Ќерката пронашла делови од телото во замрзнувач – хорор на Ноќта на вештерките (фото)
Рускиот свештеник Михаил Зубарев (40) ја обезглавил својата сопруга пред нивната преплашена осумгодишна ќерка во страшно убиство за Ноќта на вештерките.
Полицијата подоцна соопшти дека го пронашла черепот на жената во замрзнувач, според извештаите во Русија.
Зубарев е во притвор по крвопролевањето во кое беше убиена неговата сопруга Викторија.
Нивната ќерка и син Данил (17) вчера беа хоспитализирани и добиваат психолошка помош во градот Нижнекамск, во регионот на Татарстан.
Парохијаните се пожалија на „чудно“ однесување на свештеникот, а на почетокот на овој месец Руската православна црква му забрани да дејствува.
Извештаите од полицијата велат дека Зубарев „поминал со сечилото преку вратот на Викторија“ пред да го распарчи нејзиното тело.
Облеен во крв „почна да се моли“, повикувајќи ја својата ќерка да им се придружи.
Вознемирената девојка телефонски му се јавила на постариот брат за да го замоли да се врати во семејната куќа, а тој набрзо пристигнал. Некои информации велат дека свештеникот ја ставил отсечената глава на сопругата во замрзнувач а ја пронашла неговата ќерка.
Зубарев е по потекло од арктичкиот регион Мурманск и работел како затворски капелан. Дипломирал на Московската православна богословија во 2010 година.
Митрополитот Казански и Татарстански Кирил објави дека „со длабока тага ја примил вестта за страшниот инцидент“. Тој изрази „искрено сочувство“ до роднините на Викторија и рече дека „се моли за спокој на нејзината душа и за здравје на децата сирачиња“.
Свештеникот се соочува со потенцијална доживотна казна затвор доколку биде осуден за убиство.