СВР Штип лиши од слобода три лица по распишани централни потерници за сторени кривични дела “тешка кражба“

МВР информира дека денеска, полициски службеници од СВР Штип по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи ги лишиле од слобода тројца штипјани. Двајца за доиздржување на казна во штипскиот затвор, а еден во Затвор Струмица.

Штипјаните Е.М. (34 г.), за доиздржување казна затвор од три години и шест месеци во Затвор Штип, Б.М. (31 г.), за доиздржување казна затвор од една година во истиот затвор и С.И., за доиздржување казна затвор од три месеци во Затвор Струмица“, известуваат од полицијата.  

Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи.