ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да го омаловажи работењето на цариниците и рекордната заплена на хартии од 92 милиони долари, се вели во реакцијата на СДСМ.
„Јасно е дека ВМТО-ДПМНЕ ја цени борбата против криминалот и корупцијата, како и успешната работа на Царинската управа на чело со Стефан Богоев.
Очајната дезинформација на ВМТО-ДПМНЕ вчера беше демантирана. Сите обврзници запленети во успешната акција имаат рок, не им е истечен.
Исто така, вината пред надлежниот суд ја призна и патникот кај кој беа пронајдени обврзниците, по што судот донесе пресуда со која се одземени обврзниците“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека ВМТО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните за ширење лажни вести.