СДСМ: Извештајот на ЕК потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се пречките за европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и „Левица“ се пречките на европскиот пат. Ова го потврдува и извештајот на Европската комисија, во кој главен проблем и забелешки се блокирањето на Собранието од страна на опозицијата, обвинуваат од СДСМ.

„Извештајот ја нагласува потребата од усвојување на уставни амандмани и реформи за ЕУ ​​кои се блокирани од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ била и останува против правдата.

ЕК јасно покажува дека Македонија напредувала во 81 отсто од поглавјата и нема враќање назад во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност“, велат од СДСМ.