Јапонските научници тврдат: Ова е најдобриот лек за несоница

Јапонските научници тврдат дека го откриле најдобриот лек за несоница.

Британците дошле до заклучок дека нивните проблеми со несоницата им предизвикуваат загуби поради помалата продуктивност. И додека Интернетот е полн со совети за подобар сон, еден од нив беше ставен на тест за да се види неговата ефикасност.

Милиони луѓе кои патат од несоница тврдат дека топлата купка им помага како лек да заспијат, а научниците утврдиле колкав временски интервал е неопходен за бањањето да биде ефективно. Ако поминете 15 минути во топла купка, дефинитивно ќе го забележите овој ефект.

Туширањето или капењето помалку од 15 минути го нема истиот ефект, а научниците од Универзитетот Кјушу го измериле квалитетот на сонот кај 23 мажи и жени.

Резултатите покажуваат дека бањата не само што помага да заспиете, туку и помалку ќе се будите во текот на ноќта. Докажано е дека секој трет човек во Велика Британија има проблем со несоница, а NHS дистрибуира апчиња за спиење во вредност од околу 50 милиони фунти секоја година.

Истражувањата покажуваат дека на оние кои поминале 15 минути во бањата им биле потребни само 12 минути за да заспијат, додека на оние кои се туширале кратко повеќе од 20 минути.