Дени Девито откри зошто тој и Шварценегер никогаш не снимија продолжение на „Близнаци“

Дени Девито глумеше во филмот „Близнаци“ во 1988 година со Арнолд Шварценегер. Тој го играше Винсент Бенедикт, кој живее како скитник, додека популарниот моќник го толкуваше ликот на Јулиус Бенедикт, интелигентен, но наивен човек. Тие биле разделени при раѓањето, а неколку децении подоцна се впуштиле во потрага еден по друг.

Со текот на годините имаше прашања дали некогаш ќе се сними продолжение. „Близнаци 2“ наводно бил планиран, но на крајот не се остварил. Сега, во интервју за GQ, Девито откри зошто никогаш не направиле продолжение на „Близнаците“.

„Арнолд и јас сакаме повторно да работиме заедно. Требаше да го направиме „Близнаци 2“, но не го направивме затоа што тој стана гувернер. Подобро ќе беше тој да го направи „Близнаци 2“ отколку да стане гувернер. Сега планираме нов проект за кој зборуваме долго време зборуваме“, рече актерот.

На прашањето дали тој проект е поврзан со „Близнаците“, 78-годишникот имал подготвен одговор.

“Не, се работи за двајца пријатели. Ние двајца сакаме да поминуваме време заедно. Знаеме дека се фалиме. Јас сум многу посилен од него”, се пошегувал Девито.