Велика Британија воведе нови санкции против Русија за два важни сектори

Велика Британија денеска соопшти дека ја проширила листата на санкции против Русија за уште 29 правни и физички лица.

На листата се додадени Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи (РСПП), Руската национална компанија за реосигурување (РНРП), рударската и металуршката компанија Урал (UMMC), компанијата за ископување злато Норд Голд и други компании, пренесува Комерсант.

Меѓу личностите кои стигнаа до листата на санкции се директорот на агенцијата за надзор на финансискиот пазар „Росфинмониторинг“, Јуриј Чиханчин, претседателот на групата компании „Јужуралзолото“ Константин Струков или сопругата на милијардерот Алексеј Мордашов.

Земјите од Г7, вклучително и Британија, претходно најавија единствен пристап за воведување санкции кон Русија Во заедничката изјава по дводневниот состанок во Токио, земјите од Г7 ги предупредија и третите земји да не и помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите.