СДСМ: Изградбата на коридорите 8 и 10д ќе донесе придобивки за локалните компании

Започнаа градежните работи на најголемиот инфраструктурен проект во земјава од осамостојувањето, изградбата на коридорите 8 и 10д, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Со реализацијата на инвестицијата од 1,3 милијарди евра, Македонија станува главна раскрсница на Балканот, поврзани сме на запад и исток, со пристаништата Драч и Бургас.

Покрај зголемена безбедност и подобра поврзаност, изградбата на коридорите 8 и 10д носи и економски бенефит за локалните компании“, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека институциите се посветени на изградба на безбедна и модерна патна инфраструктура во земјава.