СДСМ: Наместо решение, ВМРО-ДПМНЕ прави хаос со личните документи

ВМРО-ДПМНЕ со месеци на конференции тврдеше дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, откако влезе во техничката влада и има министер за внатрешни работи, наместо решение, прави хаос со личните документи и шири паника меѓу граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.

Според СДСМ, граѓаните кои не ја смениле возачката дозвола да не бидат казнети. Тие велат дека се за локална употреба и законот дава предупредување.

„Понатаму, министерот од ВМРО-ДПМНЕ наместо да ги зголеми капацитетите за фотографирање и издавање пасоши, го укина издавањето на пасошите без рок. Тоа има негативно влијание бидејќи го намалува бројот на граѓани кои можат да се фотографираат, а од друга страна драстично го одолговлекува процесот.

Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да извадат нов пасош, а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање на пасошот“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.