Хрватската пејачка Северина неодамна го прослави својот 51 роденден. Многумина ќе се сложат дека пејачката изгледа одлично. Таа неодамна за еден регионален портал ја откри тајната на својата витка линија.
– Сакам да јадам многу, па се дебелеам, но тогаш не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја поправив исхраната. Решив да имам пет помали оброци, но и да пешачам барем половина час дневно – открила познатата пејачка за Информер.
– Се трудам да не внесувам токсини во организмот и ми се чини дека сум на добар пат целосно да ги исфрлам од исхраната. Бидејќи сакам овошје и зеленчук, во последно време само нив ги јадам – изјави тогаш Северина.
– Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш ставам малку банана за да биде погусто. Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек – објаснила таа.