Северина ја откри тајната на совршената линија: Направи само две промени

Хрватската пејачка Северина неодамна го прослави својот 51 роденден. Многумина ќе се сложат дека пејачката изгледа одлично. Таа неодамна за еден регионален портал ја откри тајната на својата витка линија.

– Сакам да јадам многу, па се дебелеам, но тогаш не се чувствувам добро и немам доволно енергија. Кога се здебелив седум килограми, ја поправив исхраната. Решив да имам пет помали оброци, но и да пешачам барем половина час дневно – открила познатата пејачка за Информер.

– Се трудам да не внесувам токсини во организмот и ми се чини дека сум на добар пат целосно да ги исфрлам од исхраната. Бидејќи сакам овошје и зеленчук, во последно време само нив ги јадам – ​​изјави тогаш Северина.

– Штом станам пијам смути, во кое ставам моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини и бадемово млеко. Понекогаш ставам малку банана за да биде погусто. Тој оброк навистина ме заситува, па не сум гладна до ручек – објаснила таа.