СЕВЕРНА КОРЕЈА ЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈСКАТА НА ГРАНИЦА! Нови тензии на Корејскиот полуостров, на работ на ескалација?!

Принудената одлука на Пјонгјанг

Северна Кореја распореди војници и тешко оружје за да ги чува позициите долж границата со Јужна Кореја по суспензијата на воениот договор меѓу двете земји, објави во понеделникот новинската агенција Јонхап, пренесе Хина, цитирајќи го Ројтерс.

Повикувајќи се на јужнокорејски воени претставници, Јонхап објави дека биле забележани севернокорејски војници како враќаат тешко оружје на границата на Демилитаризираната зона (ДМЗ) и поставуваат стражарски пунктови што двете Кореи ги демонтираа по договорот за деескалација.

Северна Кореја во понеделникот предупреди дека ќе продолжи да ги остварува своите суверени права , вклучително и лансирање сателити, додека нејзините сили, наводно, обновуваат некои урнати стражарски пунктови на границата со Јужна Кореја.

Следење на САД и сојузниците

Пјонгјанг минатиот вторник објави дека успешно го лансирал својот прв шпионски сателит во орбитата и вети дека ќе лансира уште повеќе во блиска иднина. Министерството за надворешни работи на Северна Кореја тврди дека лансирањето било поттикнато од потребата да се набљудуваат САД и нивните сојузници, објави државната новинска агенција КЦНА.

– Тоа е легално и е само начин на остварување на правото на самоодбрана и е одговор на прецизното следење на воените дејствија на САД и нивните следбеници – наведува КЦНА во извештајот.

Јужна Кореја одлучи да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Северот во 2018 година, откако Пјонгјанг ги игнорираше предупредувањата од САД и нивните сојузници и лансираше шпионски сателит.

Јужна Кореја проценува дека Северната имала приближно 160 стражарски места долж ДМЗ, а Јужната 60. Секоја страна соборила по 11 по воениот договор потпишан во 2018 година .

Јонхап објави дека тешко вооружени севернокорејски војници биле видени како ги обновуваат оштетените стражарски места на неколку локации од петокот, цитирајќи фотографии од камерите на DMZ.