ФОТО | Интервју и фотографија која предизвика бура: Кој е човекот што сопругата на Лионел Меси го бакнува со флертувачка насмевка !?

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се фотографираше со новинарката Софија Мартинез за време на квалификациите за Светското првенство во Рио де Жанеиро, што дополнително ги подгреа шпекулациите за можни тензии во неговиот однос со сопругата Антонела Рокуцо, пренесува аргентинскиот веб-сајт Caras

Лионел Меси со години е во брак со Антонела Рокуцо. Иако нивната врска отсекогаш се гледала како пример за стабилност и љубов, гласините за кризата стигнале и до нив, пишува Caras.

Новинарката која ја следи аргентинската репрезентација, Софија Мартинез, сподели низа фотографии и видеа на социјалните мрежи по тешкиот натпревар против Бразил на „Маракана“ во средата. Таа меѓу другото објави и видео-снимка од интервју со Лионел Меси кое предизвика голема бура. Бракот на Лионел Меси и Антонела Рокуцо важи за еден од најкомплексните и најцврстите бракови во Аргентина, пишува Caras.

Но, пред десетина дена се појавија гласини дека нешто се случило меѓу Лионел Меси и новинарката за време на церемонијата на доделувањето на Златната топка на 30. октомври во Париз. На мрежите беше споделена видео-снимка од интервјуто што новинарката го направи со фудбалерот, а гледачите ги забележаа погледите и насмевките кои си ги упатуваа. Од друга страна, во центарот на вниманието е и сопругата на најомилениот аргентински фудбалер, откако беше објавена видео-снимка од моментот во кој таа го бакнува Дејвид Бекам, додуша во образ, со флертувачка насмевка.

Сцените од интервјуто на Софија Мартинез со Лионел Меси можете да ги погледнете ОВДЕ.

Овој недискретен гест на Антонела Рокуцо не остана незабележан од многумина кои почнаа да шпекулираат дека врската на Лионел Меси со Софија Мартинез може да биде форма на одмазда по средбата на неговата сопруга со поранешниот англиски фудбалер, инаку голем пријател на семејството на Лионел Меси. Аргентинските медиуми го ангажираа Хуго Лескано, експерт за невербална комуникација, за детално да го анализира најновото вирално видео во кое Лионел Меси ја поздравува Софија Мартинез, додека Антонела Рокуцо ѕирка одзади и го допира неговиот грб.

слика
Антонела Рокуцо

Луѓето – како и другите цицачи – ја ‘обележуваат’ својата територија, вклучувајќи ги и нашите чувства, со лесен допир“, објаснува експерт за невербална комуникација и додава: „Она што го допираме ни припаѓа нам, тоа е пораката што ја испраќаме“.

Уште минатата година на СП вниманието на медиумите го привлече блискоста на Лионел Меси и спортската новинарка Софија Мартинез, чија работа е да ја следи репрезентацијата. По победата на Аргентина над Хрватска, Софија Мартинез емотивно се обрати на аргентинската ѕвезда:

Само сакам да ви кажам дека, без разлика на резултатите, има нешто што никој не може да ви го одземе. Тоа е фактот што ги допре сите Аргентинци. Нема дете кое не го купило дресот на вашиот клуб, без разлика дали е вистински или лажен. Навистина, оставивте трага во животот на сите. А тоа според мене е повеќе од освојување на Светското првенство. Некој може да ви го одземе тоа. Колку среќа им носиш на толку многу луѓе! Ти благодарам, капетане“.

Аргентинските и другите латиноамерикански портали не го спомнуваат разводот.