Селена Гомез позира во бикини додека на обожавателите им пречи нејзината тежина

Селена Гомез повеќе пати била на мета на критичарите поради нејзиниот изглед и нејзината тежина. Неодамна беше објавена фотографија на која е во бикини, а многумина ја коментираа нејзината тежина.

Сепак, пејачката појасни зошто има проблем со вишокот килограми и истакна дека не се срами од тоа.

“Кога го земам лекот, обично задржувам голема количина на вода во телото, што е многу нормално. Кога ќе престанам да го земам, мојата тежина се намалува”, вели таа.

Селена им порача на своите фанови дека никој не треба да се срами од неговиот изглед, како и од неговата состојба.

“Само сакам да знаете дека сте убави такви какви што сте. Сигурно има денови кога не се чувствувате најдобро, но поважно е да останете здрави и да се грижите за себе”, рекла таа.

Таа додаде дека лекот против нејзината болест е важен и верува дека и помага.

„Ве сакам сите и ви благодарам за поддршката и разбирањето. Ако не ме разбирате, само оставете го овој профил, бидејќи искрено не верувам во срамот на луѓето поради нивното тело или било што, и не го поддржувам тоа воопшто“, додаде таа.

За потсетување, Селена неколку пати ги напушташе социјалните мрежи поради лоши коментари за да го зачува своето ментално здравје.