Швајцарската UBS наскоро ќе го преземе „проблематичниот“ Credit Suisse: Сè ќе биде готово до 12 јуни

Швајцарската инвестициска банка UBS најави дека во следните неколку дена треба да го заврши преземањето на Credit Suisse, кое беше оценето како најголемо преземање на банка од финансиската криза од пред 15 години.

Според заедничкото соопштение на банките, Credit Suisse треба да биде целосно интегриран во работењето на UBS до 12 јуни, а како што се наведува, се уште се чека одобрувањето на американската Комисија за хартии од вредност.

„Самата UBS мора да ги земе предвид и другите услови за затворање што треба да се исполнат. Спојувањето ќе создаде финансиски гигант со над пет милијарди долари средства под управување и повеќе од 120.000 вработени“, пишува германски Tagesschau.

Покрај преземањето на Credit Suisse, UBS најави дека во наредниот период ќе се фокусира на проширување на пазарот кон Азија.

„Оваа инвестициска банка е во преговори со повеќе од 100 инвестициски банки во Јужна Кореја, Тајланд, Виетнам и Индија, кои досега работеа под раководство на Credit Suisse“, пишуваат германските медиуми.

Преземањето на Credit Suisse уследи по банкарската криза што ја зафати Швајцарија пред неколку месеци, кога беше објавено дека банката повеќе не може да ги исполнува своите обврски.

Во тој период, швајцарската национална банка и владата обезбедија повеќе од 200 милијарди швајцарски франци за поддршка на ликвидноста на банката, но тоа не беше доволно за целосно спасување, по што беше најавено дека ќе следи спојување на UBS и Credit Suisse во со цел да се обезбеди стабилизација на пазарот.