Првата дама на Романија предизвика гнев во јавноста, Во Германија носела накит вреден 12.000 евра

Претседателот на Романија Клаус Јоханис ја посети Германија со сопругата, а фотографиите кои потоа беа објавени, а кои се однесуваат на средби со голем број градски и регионални функционери во Германија, предизвикаа гнев во јавноста.

Имено, медиумите во Романија забележале дека сопругата на романскиот претседател Кармен Јоханис на состаноците во Германија носела накит вреден 12.000 евра. Овие тврдења ги потврди и романскиот златар чиј накит го носи Јоханис, а кој е официјален и како добавувач на накит за романската кралска резиденција.

„Горди сме што создаваме безвременски парчиња накит што оддаваат почит и ја слават убавината и уникатната индивидуалност на оние што ги носат“, е пораката на златарот.

Според романскиот Digi24, Јоханис носела накит од бело злато со дијаманти.

Секако, фотографиите привлекоа големо внимание во јавноста, а Романците го критикуваа однесувањето на првата дама. Поради низа коментари, се огласи Кабинетот на романскиот претседател и рекоа дека Јоханис не го задржала накитот и дека по враќањето од Германија го вратила во златарницата.

“Првата дама носеше накит од романски дизајнер. Накитот беше вратен по нејзиното враќање во земјата, како што секогаш се прави со облеката што ја носи првата дама. Немаше договор кој би вклучувал финансиска добивка по промоцијата на накитот “, соопшти Кабинетот на претседателот на Романија.