За непол час се тресеше тлото во Хрватска и Грција

Земјотрес со јачина од 2,9 степена според Рихтеровата скала нешто по 12 часот ја погоди Хрватска. Неполн час подоцна се тресеше и тлото во Грција со магнитуда од 4,5 степени по Рихтер.

Според ЕМСЦ, земјотресот во Хрватска се случил на длабочина од девет километри, а е регистриран кај Макарска и нема информации дали има повредени.

Во Грција епцентарот е регистриран во Јонското море.