СЕСТРАТА НА ИЛОН МАСК: Мислат дека ме ФИНАНСИРА, па кога ќе слушнат кој е брат ми, МИ НАПЛАЌААТ ДВОЈНО

Тоска Маск (48), најмладата сестра на Илон Маск (51), работи во кинематографија, а рекла дека луѓето често и ги наплаќаат услугите повеќе отколку што треба, бидејќи претпоставуваат дека нејзиниот брат плаќа за сè, пишува New York Post.

– Локацијата требаше да чини 5.000 долари, но кога го слушнаа моето име и претпоставија дека сум богата, решија да ми наплатат 25.000 долари. Тоа навистина не е фер, нели? – таа рече.

Таа објасни дека луѓето често погрешно претпоставуваат дека нивното семејство отсекогаш било богато, но таа тврди дека тоа не е вистина.

– Откако се разведоа моите родители, мајка ми, браќата и јас бевме заедно и немавме пари – рече таа, додавајќи дека нивната мајка Меј работела пет работи за да ја издржува, Илон и нивниот брат Кимбал.

Маск, чија вредност според индексот на Блумберг се проценува на 233 милијарди долари, сам го создал своето богатство.

На прашањето дали нејзиниот брат финансиски и помага, Тоска имаше подготвен одговор.

– Ако кажам не, луѓето ќе речат дека тој воопшто не ме поддржува, а ако кажам да, ќе мислат дека платил за се – објасни таа.

Додала и дека постојано и се случуваат ситуации во кои луѓето се обидуваат да и се доближат за да стигнат до милијардерот, но научила да ги „отфрли на време“.

Инаку, Тоска е ко-основач на Passionflix, стриминг платформа слична на Netflix, а заработила вкупно 170 милиони долари.