Се верува дека доколку го нацртате овој симбол и го ставете во вашиот паричник ќе бидете преполни со пари и богатство

Постојат различни народни верувања за кои се тврди дека привлекуваат пари, како што се кристали во изобилство, кинески монети или фигура на жаба која, според кинеската традиција, носи прилив на пари во домот.

Еден симбол со векови се смета за позитивен и моќен – тоа е знакот на бесконечноста.

Симболот за бесконечност е еден од најстарите симболи што се користат во многу култури. Се смета дека носи позитивен поттик на енергијата, а има посебно значење кога се носи како привезок на нараквица.

Овој симбол се користи за хармонија и рамнотежа, а се поврзува и со бројот осум кој симболизира богатство и просперитет. Во Кина, симболот на бесконечноста се користи за усогласување на просторот и подобрување на виталната позитивна енергија во домот.

Според експертите за фенг шуи, симболот е во состојба позитивно да влијае на секој простор во кој ќе се наоѓа. Постои симболика дека овој знак треба да се нацрта на парче хартија и да се носи во паричник за да се привлече енергијата на изобилството и протокот на пари. Можете да го украсите, да го обоите со вашата омилена боја или да му дадете личен шмек.

Ако често го цртате овој знак во вашиот планер или дневник, тоа може да доведе до успех, а ако го истакнете во спалната соба, ќе ја зајакне енергијата на љубовта меѓу партнерите.