Се запали една од галиите во Вардар

Рано утрово нешто пред 4 часот се запалила една од галиите кои се поставени во Вардар. Бродот е сопственот на Град Скопје.

Противпожарната бригада го изгалнала пожарот, повредени нема.

– На 19.03.2023 во 03.57 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на објект – брод, сопственост на Град Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Скопје, се наведува во соопштението за настанот од МВР.