Се огласи директорот на косовската полиција: Размена на оган меѓу полицајци и „тешко вооружени униформирани лица“
Ветон Елшани не можеше да прецизира кои се униформираните, но изјави дека поседуваат оклопни возила.
В.Д. директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани изјави дека во Бањска, каде синоќа беше убиен косовски полицаец, дошло до размена на оган меѓу полицајци и „тешко вооружени униформирани лица“.
– Гледаме вооружени луѓе, тоа е тешко оружје. Тие пукаа во нас а ние пукавме во нив. Сметаме дека се работи за странски лица во униформа со тешко оружје – изјави Елишани за медиумите.
Но, тој не можеше да прецизира кои се униформираните, но изјави дека поседуваат оклопни возила.
Исто така, не можеше да потврди дали има нови повреди.