И во Македонија сум прва! По тврдењата на „Гранд“ дека фалсификувала статистика, еве што вели Карлеуша (фото)

,,Јелена Карлеуша ја измами нацијата фотошопирајќи го рејтинг – преносот од нејзиниот солистички концерт”, се вели во соопштението на „Гранд“ продукција, кое го испратија до медиумите.

Пејачката на својот Инстаграм објави дека нејзиното шоу било погледано од популарното музичко натпреварување, што продукцијата тврди дека не е точно.

Сепак, Карлеуша очигледно не се грижи за овие наводи и продолжува на ист начин.

Популарната пејачка објави нова статистика на социјалната мрежа Инстаграм, за македонската телевизија, каде се емитуваше и нејзиниот концерт.

Од приложеното може да се види дека телевизијата што ја емитуваше емисијата на Јелена беше најгледана претходната вечер.

Карлеуша не коментираше за конкретното соопштение од продукцијата „Гранд“.