Украинците ја нападнаа зградата на ФСБ! Дрон се урна во центарот на Курск во западна Русија (ВИДЕО)

Украински дрон погоди административна зграда во центарот на Курск, на југот на Украина, соопштија денеска руските власти.

Весникот „Украинска правда“, повикувајќи се на извори од воената разузнавачка служба, наведува дека дронот удрил во зградата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија.

Во последниве месеци Киев извршува речиси секојдневни напади врз руските градови како дел од украинската контраофанзива против руските сили започната на почетокот на јули.

Курск се наоѓа на околу 90 километри од границата со Украина.

– Во Курск украинско беспилотно летало ја нападна административната зграда во центарот – објави на Телеграм, Роман Старовојт, гувернер на Курската област.

Тој рече дека покривот на зградата е малку оштетен и дека на лице место се наоѓаат припадници на итната помош.

Минатиот месец украинско беспилотно летало предизвика значителна штета на железничката станица во Курск, а пет лица беа повредени.