“Се откажав од една намирница и ослабнав 10 килограми!“ – Наташа Беквалац изгледа подобро од било кога претходно! Пејачката ја открива тајната на успехот

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац призна на своите обожаватели дека не морала да се откаже од многу работи за да ја постигне својата посакувана форма и фигура.

Наташа Беквалац неодамна одлучила засекогаш да се откаже од цигарите, а на своите следбеници им се пожалила на вишокот килограми што ги качила.

Многумина ја советувале дека само претерува и дека навистина изгледа феноменално, но пејачката сепак решила да поработи на себе односно на својот изглед. Убавата пејачка официјално „преселка“ и решила да оди во теретана, како и да се грижи за нејзината исхрана. Таа сега открива како успеала да ослабне цели 10 килограми!

Се откажав од пецивата, компирите, сојата, гравот, боранијата, тестенините, грашокот, оризот, грицките, слатките и соковите. Јадев само овошје во текот на неделата. Така успеав да ги изгубам вишокот килограми за кратко време. Ми дозволија да јадам секакво месо, само не смеев претерано мрсно. Јадев дури и јајца на секакви начини, млечни производи, но не претерував со сирењето и кашкавалот. Јадев свеж зеленчук во неограничени количини. Најмногу јадев зелка, зелена салата, краставица, карфиол, брокула, кромид и домати, како и јаткасти плодови. Пиев и по два ипол литри вода дневно“, вели Наташа Беквалац, која вели дека клучот за успехот лежи во редоследот по кој се користат овие намирници.

Првите шест дена од неделата јадев се, од салата до месо, а седмиот ден за појадок и ручек храна од ‘забранетата листа’ како тестенини, компири или ориз. Воопшто не јадев слатки. А ако сакав десерт, ќе земев една лажица мед или интегрален бисквит. По седмиот ден се од почеток и така до посакуваните резултати“, вели пејачката.

Покрај правилната исхрана, составен дел од животот на пејачката биле и тренинзите, поради што телото го довела до совршенство.

Вежбам пет пати неделно по 45 минути. Денот ми започнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Потоа ги носам во училиште и градинка, па одам на тренинг. Кога физичката активност ќе стане дел од вашиот ден, тогаш престануваш да бидеш мрзелив. Не сум од оние на кои тоа им се допаѓа, но кога ќе видам што ми носи вежбањето, не само физички, туку и психички, не размислувам за прескокнување на тренинзите“, искрено и порачала пејачката на своите обожаватели.