Се плашев дека сè во нејзиниот фустан ќе екаплодира: Еве што вели Софија Лорен за култната фотографија на која се гледа нејзината љубомора (фото)

Кога зборуваме за женската љубомора, обично ни паѓа на памет оваа иконска фотографија на убавата Софија Лорен, која се чини дека со завист гледа на бујните гради на Џејн Менсфилд. Сепак, вистинската приказна зад оваа фотографија е многу поинаква! Никој со сигурност не може да каже кога е направена оваа фотографија, но повеќе извори тврдат дека се работи за 1957 година.

Софија Лорен беше само ѕвезда во подем, а сè кулминираше кога беше прогласена за најфотографирана актерка на Канскиот филмски фестивал во 1955 година. Две години подоцна, во Беверли Хилс се одржа забава каде Софија конечно и официјално беше примена во гламурозниот Холивуд.

Се чинеше дека сè е идеално, а потоа во кадар упадна лудата Џејн Менсфилд и ја истурка Софија од преден план! Токму тогаш е создадена култната фотографија на која е забележана љубомората на најубавата жена на светот.

А што вели Софија, какви емоции се во игра кога камерата кликнала?

,,Парамаунт” организираше забава во моја чест таа вечер. Сите големи актерски имиња беа таму, тоа беше неверојатно. А потоа последна се појави Џејн Менсфилд. Знаеше дека сите погледи беа вперени во неа. Дојде директно на мојата маса. А потоа седна. Слушај, погледни ја самата фотографија и кажи ми каде ми залутаа очите? Добро, до нејзините брадавици, но само затоа што се плашев дека ќе завршат на мојата чинија! Можете да го видите стравот на мојот лице! Се плашев дека сè во нејзиниот фустан ќе експлодира и ќе заврши на масата“, објасни познатата актерка.

Како што подоцна додаде и самата, иако подоцна имало неколку фотографии на кои изгледа дека двете диви се забавуваат, но Софија, како што тврди таа, постојано размислувала за провокативниот фустан на Џејн Менсфилд.

,,Има повеќе фотографии, но само оваа објаснува што навистина се случувало во тие моменти. Многупати кога ми барале автограм, барале да се потпишам токму на таа фотографија. Секогаш одбивав, и секогаш ќе одбивам, не сакам да го правам тоа. Одбивам и од почит кон Џејн, која повеќе не е со нас“, заклучува Софија Лорен.

Што да ви кажеме освен дека ова објаснување не ни звучи премногу убедливо. Што мислите, дали навистина и’ е страв на Софија дека Џејн ќе покаже повеќе отколку што планирала или малку е љубоморна?