Урнебесно видео од зоолошка: Еве како горилите бегаат од дождот, а нивното однесување е речиси идентично со она на луѓето (ВИДЕО)

Завчера го прославивме Светскиот ден на горилата, а денес споделуваме вирално видео од зоолошката градина во Лондон кое воодушеви милиони корисници на Интернет.

Го гледаме моментот кога горилите трчаат да се засолнат. Како што почна дождот да паѓа во позадина се слуша „заразна“ смеа. Веднаш да нагласиме – со причина.

Непознат автор го овековечил моментот кога горилите бегаат од дождот, а во тие моменти се однесуваат како луѓе.

Гледаме дека животното во раката држи зелено растение (најверојатно ручек), додека другото ја покрива главата за да не се намокри. Многу корисници го препознаа овој момент, пренесува Daily Mail.

Камерата потоа сними друга горила која трча со голема брзина да се дкрие, а особено е смешно што изгледа како да носи беж јакна на главата?!

Ниту таа не сакаше да се намокри, па ги покри главата, грбот и задникот.

Урнебесниот клип е прегледан повеќе од 33 милиони пати, а собра над 23.000 коментари.