Се помалку има интерес за упис во гимназиите во Струга и Охрид

Се помалку има интерес за упис во гимназиите во Струга и Охрид. Овој тренд влијае на намалувањето на работните часови. Како резултат на тоа, некои наставници стравуваат дека во иднина можеби ќе останат без работа. „Се обидуваме да заштедиме работни места, но до кога – не знаеме“, вели директорката на струшката гимназија Бесиме Јонузи.

Во ваква ситуација влијае и предусловот за висок просечен упис во средните училишта, поточно минимумот од 60 поени. Во струшката гимназија „Ибрахим Темо“ во последните три години бројот на ученици е намален за 50. Во охридската гимназија, пак, оваа учебна година има паралели со само 15 ученици.

„Мислам дека тука има големо влијание унапредувањето од страна на државата и повисоките органи кога зазедоа став да се запишат во дуално образование, а да не се запишат во гимназија. Мислам дека е направена штета на средните училишта во државата и ние сме засегнати од овој проблем“, изјави Светлана Велкоска – директор на СОУ „Свети Клименти Охридски“ – Охрид.

Ако некогаш во охридската гимназија се запишуваа 200 ученици, сега оваа бројка е само 100. Годинава има еден час помалку. Покрај намалувањето на интересот за средно образование, дополнителна причина за помалиот број ученици се и миграцијата и намалувањето на наталитетот.