Се појави ВИДЕО ОД ШАМАРОТ НА БРИТНИ СПИРС: кошаркарот тврдеше дека пејачката измислува, а сега јасно може да се види кој е насилник и ЛАЖГО
Камерите го снимија спорниот настан и сега е јасно чија верзија е вистинита
Откако јавноста беше шокирана од веста дека обезбедувањето на НБА ѕвездата Виктор Вембењама наводно физички ја нападнала пејачката Бритни Спирс, бидејќи таа го „зграбила зад грб кошаркарот“ , денеска веќе се појавија докази кои фрлаат ново светло на инцидентот.
Бритни на социјалните мрежи напиша дека „препознала познат спортист и само сакала да се слика со него и само да го допре по рамото кога обезбедувањето реагирало и ја удрило по лицето“.
Виктор има сосема поинаква верзија на настаните: „ Незнам конкретно ништо. Имаше нешто, се случи. Одев со обезбедувањето што го обезбедуваше тимот, одевме во ресторан “, рече НБА ѕвездата во подем и продолжи :
„Многу луѓе ми довикуваа , но луѓето од обезбедувањето ми рекоа да не застанувам за да не се создаде гужва . Слушнав како едно лице ме вика „Господине, господине“ , а потоа ме грабна одзади. Не видов што се случи, продолжив да одам. Таа ме допре само по рамо , знам дека реагираше обезбедувањето, не знам со колкава сила ја оттурнаа . Не застанав, продолжив и уживав во вечерата“, рече Вембањама за „BeIn sport“.
Сепак, видеото од инцидентот кое се појави на социјалните мрежи покажува дека пејачката сепак не лажела . На видеото се гледа дека пејачката се обидела да го повика кошаркарот , трчала по него и само се обидувала да го допре . Во тој момент чуварот замавнал со раката и и удрил шлаканица на пејачката.
Пред да го објави видеото, пејачката на Инстаграм напиша дека е важно ѕвездите да ги почитуваат другите јавни личности и луѓе на јавно место и дека физичкото насилство не е решение, бидејќи во моментов има премногу.
На видеото се слуша како Бритни му приоѓа на Виктор одзади и му вели „ господине, господине“ , што ја потврдува нејзината приказна, а потоа се обидува да го допре по рамото.