ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 9 ЈУЛИ: На Раковите им треба одмор, Стрелецот е оптоварен со дилеми, а Рибите се расфрлаат со пари

Дознајте каков ден ве очекува и што ви подготвиле ѕвездите.

Прочитајте што ви подготвија ѕвездите  денес 09.07.2023  во однос на работата, љубовта и здравјето.

ОВЕН

Работа:  Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот да се занимава со физичка активност.

Љубов:  Бидете креативни кога се работи за љубовни активности, тоа треба да се исплати повеќекратно. Не оставајте ништо на случајноста.

Здравје:  Нема значајни предупредувања.

БИК

Работа:  Рутината на секојдневните задачи ги чека повеќето Бикови во вториот ден од викендот, особено некои заостанати.

Љубов:  Ве очекува одличен ден на љубовен план кога се во прашање нови познанства. Оставете ги старите приказни зад себе.

Здравје:  Многу добро.

БЛИЗНАЦИТЕ

Бизнис:  Ништо не може да ги наруши плановите за Близнаците овој ден. Единствено што е важно е физички да не се изморите трчајќи како и обично во неколку правци.

Љубов:  Во текот на оваа недела вашата љубовна ситуација најверојатно ќе остане на приближно исто ниво како и претходниот ден.

Здравје:  Многу добро.

РАК

Работа:  Раковите би можеле да бидат окупирани со бројни домашни работи и подготовки за новата работна недела. Имате уште многу работи за кои треба да се грижите.

Љубов:  Доколку планирате заедничко патување, одмор, сега е вистинската можност да го реализирате. Потребен ви е одмор и релаксација.

Здравје:  Многу добро.

ЛАВ

Работа:  Лавовите веќе треба да имаат договорени активности за оваа недела поврзани со одмор и отсуство од дома.

Љубов:  Доколку имате желба и волја да поминете што повеќе време заедно, еве ја идеалната можност тоа да го остварите.

Здравје:  Нема причина за грижа.

ДЕВИЦА

Бизнис:  Ќе добиете некои поволни информации поврзани со нови деловни зделки или некоја обука.

Љубов:  Бидете опуштени и израдувајте ја саканата личност со некој убав знак на внимание.

Здравје:  Многу добро.

ВАГА

Работа:  На Вагите им претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи за завршување на претходно преземените обврски, или пак ќе одлучите да започнете нова иницијатива.

Љубов:  Најверојатно ништо конкретно, но дури и мало навестување и разбудена надеж за нов љубовен подем ќе придонесе во голема мера да се подигне нивото на самодоверба.

Здравје:  Одлично.

СКОРПИЈА

Бизнис:  Може да очекувате позитивни повратни информации во врска со бизнисот што планирате да го започнете во наредниот период.

Љубов:  Искористете го овој ден за убаво дружење, излет со пријателите. Бидете позитивни и опуштете се што е можно повеќе.

Здравје:  Многу добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа:  Најтипичните Стрелци денес доста добро се справуваат со бројните обврски. Остатокот од времето треба да го посветите на себе и да се одморите.

Љубов:  Со директен и отворен пристап можете да ги решите сомнежите и дилемите кои ве оптоваруваат.

Здравје:  Потребна ви е психофизичка релаксација.

ЈАРЕЦ

Работа:  Претстои прилично релаксиран ден за уживање на Јарците и евентуално да му помогнат на некој од домашните. Дефинитивно ќе уживате во оваа средина.

Љубов:  Не оставајте поголеми планови и конкретни акции за подоцна, туку преземете иницијатива и создадете убава атмосфера и за двајцата.

Здравје:  Би уживале во физичка активност.

ВОДОЛИЈА

Работа:  Денес плановите може да ви ги нарушат неколку важни деловни разговори. Не се нервирајте, понекогаш не можете да предвидите некои ситуации.

Љубов:  Денес би можеле да очекувате пријатно изненадување од нова љубов.

Здравје:  Би уживале во физичка активност.

РИБА

Работа:  Риби, земете го овој ден за одмор. Внимавајте кога се во прашање трошоците, не се расфрлајте.

Љубов:  Треба да бидете активни на љубовно поле, се што позитивно ќе направите за вашата сакана ќе ви се исплати повеќекратно.

Здравје:  Внимавајте на исхраната.