СЕ ПОЈАВИ ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО НА НАСИЛСТВО! Жена лежи на подот на терасата, сопругот ја удира и пцуе

Ваљевската полиција вчера го уапсила мажот Ј.К.(75) поради сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со тоа што на терасата од семејниот стан ја претепал сопругата (68).

Како што пренесуваат српските медиуми насилството вчера го пријавил сосед на брачната двојка.

– Човек видел од својот стан како маж удира жена на терасата од зградата спроти неговата. Тој повикал полиција, а патролата по пријавата излегла на терен. Осомничениот маж е уапсен, а жената е испратена во Ургентниот центар на болницата во Ваљево за да се утврди степенот на повредите кои ги добила од сопругот .

На социјалните мрежи се појави видео од брутално насилство врз жена. На видеото кое е снимено со мобилен телефон, се гледа како жена лежи на подот од терасата, додека маж стои над неа и ја удира со раце по главата и телото. Додека ја удира несреќната жена, мажот нешто вика, пцуе и изговара погрдни зборови. Несреќната жена цело време е на подот, немоќна да му се спротистави.

– Навистина сме вознемирени, ова е страшно! Што и да направила жената, никој нема право да ја тепа и да и се заканува по живот, особено затоа што не може да се брани. Сосетката ни е болна, не може добро да се движи и има проблеми со видот, не гледа добро. Во секоја смисла таа е слаба личност и нејзиниот сопруг наместо да се грижи за неа, ја малтретира и тепа – ни изјавија соседите на брачната двојка.