Се појави скандалозно видео на професор како бакнува ученичка: Видеото го предала во полиција – Откриено што ќе се случува понатаму

Професор од Кнежево бил снимен како гушка и бакнува ученичка во тој град, дознава Српскаинфо.

Според информациите, оваа снимка би можела да биде клучниот доказ против професорот, пишува Српскаинфо.

Како што ексклузивно објави Српскаинфо, професорот бил уапсен вчера во Кнежево откако ученичка го пријавила за малтретирање. Наводно, на полицијата и’ го предала предметното видео.

Во меѓувреме, по распит во обвинителството во Бања Лука, на професорот му е предложен едномесечен притвор поради сомнение дека ќе се меша во кривичната постапка со влијание врз сведоците, и поради околностите дека може да го повтори делото.

Директорот на СОУ „Јован Дучиќ“ во Кнежево, Бојан Регојевиќ за Српскаинфо изјави дека веднаш откако дознал за апсењето го суспендирал професорот.

– Против него ќе биде покрената дисциплинска постапка во најбрз можен рок – истакна Регојевиќ.