Се појави страшно видео: Жена со дете во рацете скока од мост, а херојскиот чин на овој човек ќе се прераскажува (ВИДЕО)
Видеото на кое се гледа возач на автобус во Кина како спасува мајка која се обидела да скокне од мост со своето дете е прегледано над 4,5 милиони пати на TikTok.
Целиот настан е снимен од безбедносните камери на автобусот во 17 часот и 16 минути, а инцидентот се случил во Гуангжу, во јужната кинеска провинција Гуангдонг, пишува веб-страницата на кинескиот весник ,,Гуангжу дејли”.
Видеото започнува со прикажување на мајка која оди по мостот на реката Перл, кој е само за автомобили и не е наменет за пешаци, додека го држи своето мало дете за рака.
Потоа, додека се отвора споредната врата од автобусот, друга безбедносна камера покажува како мајка се обидува да го подигне своето дете во раце додека гледа кон водата што тече под мостот.
Друга камера потоа го покажува возачот на автобусот, маж по име Џанг Жиде, како ги симнува слушалките и станува од своето место за да стрча кон жената и нејзиното дете.
Трета камера потоа го снимила возачот како трча од автобусот кон жената, држејќи го детето. Возачот ја стигнува токму кога таа ја крева едната нога преку оградата на мостот, како да сака да скокне во водата. Потоа ја повлекува назад на страната на патот, држејќи ја одзади.
На видеото потоа се гледа како патниците го носат детето во автобус додека возачот останува со жената на страната на патот. Двајцата мажи потоа ја внесуваат жената во автобусот. Таа се сопнува напред додека се приближува до отворената врата од возилото.
Видеото, кое беше повторно објавено од корисник на TikTok по име Caroe Linne, вклучува и текст кој гласи: „Замислете да не запреше возачот што ќе се случеше?“
Во Кина, приближно 9,7 луѓе на секои 100.000 извршуваат самоубиство, според извештајот на Светската здравствена организација од 2016 година. На секои 100.000 луѓе, приближно 10,3 Кинески жени и 9,1 Кинез умираат од самоубиство, се додава во извештајот.
Околу 17,5 отсто од возрасните Кинези во четирите провинции на нацијата доживеале ментално растројство, според студијата од 2009 година објавена во медицинското списание „Лансет“.
Покрај тоа, 91,8 отсто од сите поединци на кои им е дијагностицирано какво било ментално растројство во Кина никогаш не бараат помош, според написот од 2011 година во списанието World Psychiatry.